Документи ...
АКАДЕМСКИ ЕСЕЈ
Академскиот есеј е текст преку кој комисијата за доделување на стипендија добива увид во квалитетот на Вашето пишување и изразување .
Во зависност од условите на конкурсот , потребно е да се напишат еден или повеќе есеи ( или да доставите делови од ваши веќе напишани содржини ) .
Темата која е дадена за пишување на есејот ( според условите на конкурсот ) секогаш е во тесна корелација со областа за која вие барате стипендија .
Како и секој друг есеј , и есејот за конкурирање за стипендија , има одредени правила , ( структура: увод , разработка , заклучок ) до кои мора да се држите .
СОВЕТИ
- Бидете јасни и прецизни во пишувањето
- Обратете особено внимание на деловите во кои ќе цитирате или препишувате одредени делови
- За пишувањето на есејот ќе користите разна литература , референтна ( пишана ) или интернетска . Во овој случај кога користите туѓи реченици ( цитати ) најдобро е во целост да се повикате на авторот на тие реченици . Внесувајте наводници , фусноти или пишувајте белешки на крајот од секоја реченица , пр. извор „ ----------- “ и сл.
- Избегнувајте долги реченици и парафразирање
Примери за Академски есеи
Дополнителни информации
www.ceu.hu
www.eastchance.com
www.aber.ac.uk
www.dtls.cqu.edu.au
www.utoronto.ca |