Документи ...
CV – ВАША БИОГРАФИЈА
CV- или Вашата животна биографија е хронолошки опис на сите академски , вонкадемски и работни достигнувања .
Составувањето на CV-то е многу важен момент од пополнувањето на документите за аплицирање . Овој документ во последниве неколку години е основа и за вработување и аплицирање за работни позиции во Македонија .
Целта на овој документ ( Вашата биографија ) , - е да и даде целосна слика на изборната комисија за доделување на стипендијата за Вашите квалификации , способности , вештини .
Покрај основните информации во CV-то ( име и презиме , контакт телефони и адреса ) , биографијата треба да содржи :
- формално и дополнително образование
- работно искуство ( ако го имате и ако е релевантно за вашето аплицирање )
- познавање на странски јазици и компјутерски способности
- награди и признанија ( ако сте освојувале )
- дополнителни активости , надвор од образовниот процес
- наведете предходни стипендии ( ако сте имале )
Вообичаена должина на текстот од CV-то е :
- 1-3 страници за преддипломски и постдипломски студии
- 2-5 стрници за докторски студии
- 5 или повеќе страници – за истражувачка работа
- 1-2 страници за пријава на конкурс за работа
СОВЕТИ
- Потрудетесе Вашите најдобри квалификации и достугнувања да нидат поставени на видно место во CV-то
- Во никој случај недозволувајте да имате граматички гречки во текстот
- Невнесувајте небитни работи , само колку да имате опширно CV
- Во никој случај неправете преголемо CV
- Дајте му на некој друг да го прегледа Вашето CV , откако ќе го напишете
EU – формат на CV
Европското CV - денес е општоприфатен формулар во сите држави на ЕУ кога се аплицира за академски или работни позиции .
Многу е едноставно за користење бидеки е поделено на логични целини .
За превземање на EU CV – користете ги следниве линкови ,
www.kouzon.com.mk
http://europass.cedefop.eu.int
EU CV - е еден од петте документи кои го составуваат EUROPASS . Europass е сет од документи кои ви помага да сите ваши вештини и квалификации ги поставите на единствен начин во обединета Европа ( се надеваме дека многу скоро и ние ќе бидем дел од Европа ).
Преку овој линк на europass , можете слободно да се приклучите кон слуте бразовни и работни програми во Европа .
Еве уште корисни линкови :
www.cvtips.com
www.jobera.com
http://jobsearch.about.com |