Документи ...
Откако сте добиле информација за конкурсот за стипендија која Ве интересира , најважно е да ги проучите сите услови под кои се дава таа стипендија . Ова најмногу од причина што конкурсите редовно содржат стриктни услови , како на пр. ниво и просек од одредено образование , ниво на странски јазик , одредени профили на дополнителни активности и сл .
Доколку текстот од конкурсот не е доволно прецизен , потребно е лично да се контактира административното тело за примање на апликациите за стипендијата за појаснување на сите важни моменти .
Откако сте утврдиле дека ги исполнувате сите услови да бидете апликант за стипендијата , можете да почнете да ги собирате потребните документи .
Пописот на докумети кои треба да ги соберете , редовно е наведен во текстот на конкурсот или пак во пријавниот формулар кој е состевен дел на сите апликативни форми . Најчесто барани документи се ;
Од наведените документи некои само се пополнуваат ( пријавниот образец ) некои се собираат ( документи за стекнато ниво на образование ) , некои лично се подготвуваат ,( академски есеј , мотивационо писмо , CV ) а еден дел ( препораки ) ги составуваат други за Вас .
СОВЕТ
Откако ќе ги соберете сите овие документи , направете една копија за Вас лично , за вашата лична архива |