logo

     
   
     
 
  СТИПЕНДИИ
  ПРИЈАВУВАЊЕ
  ДОДАТНА ПОМОШ
  КОРИСНИ ЛИНКОВИ
  NEWSLETER
  ЗА ПОРТАЛОТ
  КОНТАКТ
1

Интервју ...

  Во зависност од условите на конкурсот , интервјуто понекогаш е составен дел на процесот за пријавување за стипендија . Сите информации за интервјуто редовно се наведени во текстот на конкурсот за стипендијата .

  Ако сте повикани на интервју , значи дека Вашата пријавна документација е потполна и одговара на условите на конкурсот за добивање на стипендија , т.е успешно сте го поминале првиот  круг на селекција . Повикот за интервју значи и дополнителна можност директно да ги покажете сите Ваши способности .

  Ако не се подготвите доволно добро за интервјуто ( нема да поминете ) и Вашите документи ќе ви бидат вратени . Затоа Ве советуваме , припреете се најдобро што можете !

КАКО ДА СЕ ПРИПРЕМИТЕ ЗА ИНТЕРВЈУ ??? 

  • Детално проучете го конкурсот и програмата за која се пријавувате
  • Детално дознајте се за институцијата која ја дава стипендијата
  • Истражувајте се низ интернет страната на институцијата или користете друга нивна литератира или пишани содржини
  • Евидентирајте ги сите важни факти за инстутуцијата ( давател на стипендијата ) запомнете ги и искористете ги во делот во кој интерјуерите ќе ве прашаат дали нешто ве интересира за нив ( поставете што е можно повеќе издржани прашања )
  • Прегледајте ги сите Ваши  пријавни документи , дополнително анализирајте го Вашето CV , ( посебно мотивационото писмо ) обрнете внимание на посебните услови од конкурсот
  • Обидете се да дознаете колку долго ќе трае интервјуто , кој ќе ве интервјуира , кои прашања најчесто ги поставуваат . Едно од најчестите прашања на овие интервјуа е „ Зашто мислите дека сте најдобар кандидат за оваа стипендија “ ?
  • Никако немојте за лажете !!!

  Иако треба навистина да бидете многу добро спремни , во никој случај немојте да се оптеретувате со резултатот од интерјуто . Оставете се да оди по природен пат , бидеки стресот дополнително ќе ве сави во „ незгодна “ ситуација  .

  Целта на интервјуто е на луѓето кои ве интервјуираат да им даде дополнителна представа за Вашите квалитети ( т.н слика ) за вашите способности кои неможат да се утврдат од приложените документи , пр. вашиот карактер  , пристапноста и начинот на размислување , спремност да одговарате на поставени прашања , снаодливоста  . На основа на ова , очекувајте интервјуто да биде во релаксирана атмосфера ( формална ) , во која поголем дел од времето вие ќе зборувате .

НА ДЕНОТ НА ИНТЕРВЈУТО  

  • Во никој случај немојте да касните на дадениот термин
  • Планирајте го доаѓањето на местото на интервјуто однапред ( лоација , планирано време да стигнете до тоа место и сл . )
  • Ако доагате од друг град , најдобро е да патувате ден пред интервјуто , како би имале доволно време да се одморите ( наспиете ) за следниот ден .
  • Носете ги со себе сите копии од Вашето персонално досие приложени со документацијата за конкурсот
  • Облечете се официјално , најдобро е даносите одело ( и за машки и за женски ) , а ако немате искористете дел од вашата понова гардероба .
  • Внимавајте како седите и редуцирајте ги гестикулациите со раце
  • Мастика за џвакање не е дозволена !!!
  • Бидете опуштени

ШТО ПО ИНТЕРВЈУТО ???

  • Испратете им писмо со благодарност за интервјуто ( по можност истиот ден по завршувањето на средбата )

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

  • Наш совет е да ги погледнете следниве веб страници :
    • Да дадете се од себе на интервјуто

www.eastchance.com

    • Различни видови на интервју и припрема

www.prospects.ac.uk

    • Заблагодарување по интервјуто

www.career.vt.edu

Пребарување
НАЈНОВИ СТИПЕНДИИ
Доктоски Студии по Право (LL.M) општо право, човечки права
Рок за пријавување: 2008-09-15

Можност за студии на меѓународен бизнис во зимскиот семестар на Универзитетот во Ројтлинген, Германија
Рок за пријавување: 2008-05-15

PhD in Applied Mathematics
Рок за пријавување: 2008-02-29

КОНКУРС за доделување на стипендии за Европски студии
Рок за пријавување: 2008-01-15

Master in Comparative Local Development
Рок за пријавување: 2008-02-16

Entrepreneurial Manager scholarships
Рок за пријавување: 2008-05-31

Прикажи ги сите стипендии
 


Оптимизирано за прегледување под резолуција 1024х768+. Препорачан пребарувач Internet Explorer 6.0+
www.stipendija.com.mk е во сопственост на Kouzon & Co. Секое неовластено користење на матерјалите од овој сајт е забрането.
2006 © Copyright    www.stipendija.com.mk ; Created by: 1
Dynamic Web Solutions