Стандаризирани тестови ...
Во зависност од условите на конкурсот , стандарден дел во нив може да биде и полагањето на стандардизиран тест . Има различни видови на тестови како на пр.тест за познавање на странски јазици , тестови за способности и вештини , тестови за прием на академски програми и т.н . Во случај да се пријавувате на стипендија во странство , најчесто ќе треба да полагате тестови за познавање на јазикот на таа држава од која потекнува стипендијата .
Овие тестирања ( полагања ) најчесто се реализираат пред да се донесе одлука за доделување на стипендијата и играат многу важена улога во крајниот резултат за добивање ( недобивање ) на стипендијата .
СОВЕТ
- За полагање на овие стандардизирани тестови мора да се пријавите навреме и секогаш во период кој е наведен во условите за аплицирање кои редовно се назначени во делот на условите како “ registration deadlines “
- За успешно полагање на овие тестови , Ви препорачуваме да се подготвите доста добро и внимателно ( може да користите и посеби курсеви за подготовка ) и да користите припремна литература наведена во конкурсот за стипендијата
|