Почитувани...
Добредојдовте на првиот и единствен веб портал во Македонија , кој во целост е посветен на можностите за добивање на стипендија , за Вас , Вашите блиски или пријатели , за сите оние кои имаат потреба од овој сервис .
Стипендиите , ширум светот се секојдневие , голема понуда иницирана од потребата на студентите , но и од желбата на донаторите да помогнат во едуцирањето на млади квалификувани кадри .
За жал , Македонија и во оваа свера , е далеку зад сите познати стандарди , I тоа не само според можностите кои постојат во Македонија ( кои се на најниско ниво ) туку и во достапноста на информациите за стипендии кои се нудат од различни интернационални организации и институции , Држави , Универзитети и компании .
Ние , во периодот кој следи , ќе Ви понудиме се она што е актуелно и постои ширум светот , ќе иницираме нови договори за соработка во стипендирање на студентите од Македонија кај сите постоечки светски фактори , но се носиме и со идеја да иницираме повеќе фондации во Македонија , да почнат со оваа општествено корисна активност .
Секако , во овие проекти , потребни сте ни и Вие . Ве покануваме на соработка , на понудување на идеи и информации , на доставување Ваши барања за специфични области на стипендирање . Се со еден збор , заедно да бидеме поуспешни .
Ве поканувам да ги погледнете содржините на овој портал ,
Со почит ,
Зоран Кочоски
www.stipendija.com.mk
|