За стипендиите...
Што се стипендии?
Тие се облик на финансиска помош која се доделува на поединци за потребите на нивното образование,професионално усовршување или истражување. Стипендиите се доделуваат врз основа на академскиот успех,посебен талент(спорт,уметност), социјален статус или припадност кон одредено друштво.
Видови на стипендии за високо образование
Програмите на стипендии можат да се однесуваат на студијските програми кои вклучуваат одреден академски степен(додипломски,постдипломски, докторски и постдокторски студии), на пократок студиски претстој, програми на професионално усовршување(семинари, конференции, стажирање,итн), научно истражување, учење на странски јазици, итн.
Стипендиите можат да се целосни или делумни. Целосните стипендии ги покриваат трошоците за чланарина, смештај,храна,лични трошоци и дополнителните студиски материјали, додека делумните стипендии ги покриваат само некои од наведените трошоци, но не сите.
Кој доделува стипендии?
Стипендиите ги доделуваат голем број на институции и организации од сите сектори на друштвото-владини, невладини и приватни. Меѓу нив се најчесто-училишта, тела на државната или локалната власт(влади, министарства,покраини,градови), меѓународни организации, невладини организации, приватни претпријатија.
Зошто се важни стипендиите?
Значењето на стипендиите во поширокиот друштвен контекст е големо. Од една страна, тие го отвараат пристапок кон образованието на заслужните поединци и на оние на кои не би им било достапно образованието без дополнителни финансиски средства. На тој начин се зголемува пристапот кон образованието, и се допринесува за зголемување на бројот на високо образовани граѓани.
Исто така, програмите за стипендиите го потикнуваат воспоставувањето на соработка помеѓу училиштата и претставниците на владиниот, невладиниот и приватниот сектор. На тој начин се овозможува подобра поврзаност со пошироката друштвена заедница, во смисла понуда на образовни програми кои одговараат на потребите на заедницата, и од друга страна, образование на кадар кој е потребен во сите сектори.
На крај, стипендиите се тие кои влијаат на зголемување на мобилноста и на студентите, и на истражувачите и наставниот кадар. Тоа е една од целите на Болоњската декларација. Создавање и спроведување на заедничките програми за стипендирање и студентска размена допринесуваат за национална и меѓународна соработка на високите училишта со други нституции во високото образование.
|